-
0
Вашата кошничка е празнаПотребна е минимална нарачка од 600 ден.
За нарачкa над 1.200 ден. доставата е бесплатна.
0
Потребна е минимална нарачка од 600 ден.
За нарачкa над 1.200 ден. доставата е бесплатна.
Каберне Совињон од селектирано сопствено лозје на вулканските почви во Кратово (над 600 м н.в.). Рачна берба, зреена 14 месеци во буриња Seguin Moreau Icône. Ова вино се одликува со графитни ароми, ноти на црвено овошје, зачини и чиста свежина. Вистинско отелотворение на македонскиот тероар.
Одлично се комбинира со црвени меса, црно чоколадо, ореви, суви сливи или смокви.
Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.
*Со секое нарачано шише Волкано 0,75л. добивате гратис брендирана кеса од Винарија Монтеко.
Монтеко Шардоне ќе ве освои со својот карактер исполнет со свежа киселост и суптилна зрелост. Ова вино се одликува со ноти на орев, ароми на крцкава кора од леб и сочни овошки кои придонесуваат за изразито пријатен и благо горчлив завршеток.
Одлично се комбинира со морски деликатеси и разновидни сирења.
Препорачана температура на служење: 9 °C.
Монтеко Вранец потекнува од сончевите Дисански лозја. Се одликува со богати ноти на суви црни овошја, сладунец и изразита киселост. Моќно и динамично вино со суптилни дабови тонови и долг, пикантен завршеток. Автентичен глас на македонскиот југ.
Одлично се комбинира со печено јагне, телешка коленица во кајмак или галичко овчо сирење со џем од боровинки.
Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.


Од лозјата под вулканските височини на Кратово, нашето каберне совињон е спој од ароми на свежо црвено овошје, пикантни ноти и димени дабови нијанси. Свежо, елегантно и со долготраен вкус, ова вино е олицетворение на планинскиот дух.
Идеално се комбинира со бифтек, рамстек или печени ребра со рузмарин и карамелизирани моркови.
Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.


Изразито Мерло со киселкасти ноти на црни цреши, кисела слива и диви билки. Кадифените танини и природната овошна сладост од зрелите гроздови зрна придонесуваат за долг и сочен завршеток. Ова вино ја одразува нашата посветеност кон лозјата и винското мајсторство во визбата.
Совршено се комбинира со бавно печен бут, пире од целер, тестенини со вргањ и мајчина душица или декадентна чоколадна торта со вишни.
Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.


Живописно и елегантно црвено вино со ароми на зрела капина, цреша и слива. Создадено без примена на даб за да се нагласи чистиот и природен планински карактер. Се одликува со свиленкасти танини, суптилен тон на бибер и нежен, долготраен завршеток.
Идеално се комбинира со дивеч, печено говедско и тврди овчи сирења.
Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.
.png)


Смел и префинет спој од Мерло и Каберне Совињон од високопланински лозја. Ладните ноќи ги зачувуваат живите ароми и природната киселост, додека, пак, продолжената мацерација на ниски температури дава ароми на темни бобинки, зачини и цветни ноти со мека и суптилна текстура. Кадифените танини и мајсторското винарство го отсликуваат богатството на винските сорти и чистотата на планинскиот тероар.
Одлично се комбинира со коленица, ребра, јагнешки котлети или сино сирење за врвно гастрономско уживање.
Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.
.png)

Монтеко Шардоне ќе ве освои со својот карактер исполнет со свежа киселост и суптилна зрелост. Ова вино се одликува со ноти на орев, ароми на крцкава кора од леб и сочни овошки кои придонесуваат за изразито пријатен и благо горчлив завршеток.
Одлично се комбинира со морски деликатеси и разновидни сирења.
Препорачана температура на служење: 9 °C.

Ароматично и слоевито вино кое плени со мирисот на бело цвеќе, праска и суптилни гроздови ноти. Контактот со лушпата придонесува за пријатна текстура и длабочина, откривајќи ароми на сушени кајсии, суви грозje и бела праска. Живата киселост го поттикнува долгиот, овошно-сладок завршеток.
Совршено се комбинира со разни рибни специјалитети.
Препорачана температура на служење: 8°C.
