Производот се продава на парче

740 МКД
  • Категорија: Вино
  • Шифра: 456
  • Куве Црвено

Смел и префинет спој од Мерло и Каберне Совињон од високопланински лозја. Ладните ноќи ги зачувуваат живите ароми и природната киселост, додека, пак, продолжената мацерација на ниски температури дава ароми на темни бобинки, зачини и цветни ноти со мека и суптилна текстура. Кадифените танини и мајсторското винарство го отсликуваат богатството на винските сорти и чистотата на планинскиот тероар.

Одлично се комбинира со коленица, ребра, јагнешки котлети или сино сирење за врвно гастрономско уживање.

Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.