Вино

Цена:
Монтеко селекција - вински сет со 3 вина во луксузна кутија
2.490 МКД

Внимателно одбрана селекција на 3 вина од Монтеко Винарија. Сетот претставува одличен избор за љубителите на врвните вина, корпоративни подароци, празнични пригоди и специјални прослави. Совршена комбинација на елеганција и квалитет која остава траен впечаток.

Сетот содржи:

1 шише Монтеко Вранец 0.75л.

1 шише Монтеко Каберне Совињон 0.75л. 

1 шише Монтеко Мерло 0.75л. 


Производот се продава на парче

Монтеко Волкано - вински сет со 2 чаши во луксузна кутија

3.030 МКД
Монтеко Волкано - вински сет со 2 чаши во луксузна кутија
3.030 МКД

Совршен избор за љубителите на виното, деловни подароци, родендени, јубилеи и други свечени пригоди. Префинетиот изглед на пакувањето остава впечаток уште при првото отворање, додека чашите го комплетираат винското доживување.

Сетот содржи:

1 шише Монтеко Винарија Волкано 0.75л. 

2 брендирани Монтеко вински чаши

Производот се продава на парче

Bag in Box red selection 5л.

1.950 МКД
Bag in Box red selection 5л.
1.950 МКД

Суво црвено вино создадено од внимателно избрана купажа на сортите Мерло, Каберне Совињон и Вранец, која хармонично ги обединува мекоста и овошниот карактер на Мерло, структурата и комплексноста на Каберне Совињон и препознатливата полна нота на Вранец.

Богато, избалансирано и питко, ова вино се одликува со полн вкус, пријатна текстура и долг, хармоничен завршеток, што го прави одличен избор за секојдневно уживање, дружења и посебни моменти.

Одлично се комбинира со црвени меса, традиционални специјалитети и сирења.

Препорачана температура на сервирање: 16–18°C.

Производот се продава на парче

Bag in box white selection 5л.

1.950 МКД
Bag in box white selection 5л.
1.950 МКД

Суво бело вино создадено од внимателно избрана купажа на сортите Темјаника и Шардоне, која совршено ја спојува препознатливата ароматичност и свежина на Темјаниката со елегантната структура и полниот вкус на Шардоне.

Хармонично избалансирано и освежително, ова вино се одликува со пријатна текстура, жив карактер и долг, елегантен завршеток, што го прави идеален избор за секојдневно уживање, дружења и посебни моменти.

Одлично се комбинира со рибни и морски специјалитети и разновидни сирења.

Препорачана температура на сервирање: 8–9°C.

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Монте Роса 0,75л

670 МКД
Монтеко Винарија Монте Роса 0,75л
670 МКД

Елегантно суво розе вино произведено од внимателно одбрано грозје од сортата Каберне Совињон, одгледувано во сопствени лозови насади во регионот на Кратово.

Се одликува со нежна розово-црвеникава боја и свеж, овошен карактер. Во аромата доминираат ноти на вишна, надополнети со суптилни цветни и хербални нијанси. На непцето нуди препознатлива свежина, сув стил и лесно тело, со хармоничен и пријатен завршеток.

Совршено се комбинира со морски плодови, сирења, кашкавал и различни видови паста.

Препорачана температура на сервирање: 8–10°C

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Волкано 0,75л

1.950 МКД
Монтеко Винарија Волкано 0,75л
1.950 МКД

Каберне Совињон од селектирано сопствено лозје на вулканските почви во Кратово (над 600 м н.в.). Рачна берба, зреена 14 месеци во буриња Seguin Moreau Icône. Ова вино се одликува со графитни ароми, ноти на црвено овошје, зачини и чиста свежина. Вистинско отелотворение на македонскиот тероар.

Одлично се комбинира со црвени меса, црно чоколадо, ореви, суви сливи или смокви.

Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.

*Со секое нарачано шише Волкано 0,75л. добивате гратис брендирана кеса од Винарија Монтеко.

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Вранец 0,75л

670 МКД
Монтеко Винарија Вранец 0,75л
670 МКД

Монтеко Вранец потекнува од сончевите Дисански лозја. Се одликува со богати ноти на суви црни овошја, сладунец и изразита киселост. Моќно и динамично вино со суптилни дабови тонови и долг, пикантен завршеток. Автентичен глас на македонскиот југ.

Одлично се комбинира со печено јагне, телешка коленица во кајмак или галичко овчо сирење со џем од боровинки.

Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.

   

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Каберне Совињон 0,75л

670 МКД
Монтеко Винарија Каберне Совињон 0,75л
670 МКД

Од лозјата под вулканските височини на Кратово, нашето каберне совињон е спој од ароми на свежо црвено овошје, пикантни ноти и димени дабови нијанси. Свежо, елегантно и со долготраен вкус, ова вино е олицетворение на планинскиот дух.

Идеално се комбинира со бифтек, рамстек или печени ребра со рузмарин и карамелизирани моркови.

Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.

  

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Мерло 0,75л

650 МКД
Монтеко Винарија Мерло 0,75л
650 МКД

Изразито Мерло со киселкасти ноти на црни цреши, кисела слива и диви билки. Кадифените танини и природната овошна сладост од зрелите гроздови зрна придонесуваат за долг и сочен завршеток. Ова вино ја одразува нашата посветеност кон лозјата и винското мајсторство во визбата.

Совршено се комбинира со бавно печен бут, пире од целер, тестенини со вргањ и мајчина душица или декадентна чоколадна торта со вишни.

Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.

      

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Филип 0,75л

740 МКД
Монтеко Винарија Филип 0,75л
740 МКД

Живописно и елегантно црвено вино со ароми на зрела капина, цреша и слива. Создадено без примена на даб за да се нагласи чистиот и природен планински карактер. Се одликува со свиленкасти танини, суптилен тон на бибер и нежен, долготраен завршеток.

Идеално се комбинира со дивеч, печено говедско и тврди овчи сирења.

Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.

  

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Неро 0,75л

740 МКД
Монтеко Винарија Неро 0,75л
740 МКД

Смел и префинет спој од Мерло и Каберне Совињон од високопланински лозја. Ладните ноќи ги зачувуваат живите ароми и природната киселост, додека, пак, продолжената мацерација на ниски температури дава ароми на темни бобинки, зачини и цветни ноти со мека и суптилна текстура. Кадифените танини и мајсторското винарство го отсликуваат богатството на винските сорти и чистотата на планинскиот тероар.

Одлично се комбинира со коленица, ребра, јагнешки котлети или сино сирење за врвно гастрономско уживање.

Препорачана температура на служење: 16 - 18 °C.


  

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Шардоне 0,75л

650 МКД
Монтеко Винарија Шардоне 0,75л
650 МКД

Монтеко Шардоне ќе ве освои со својот карактер исполнет со свежа киселост и суптилна зрелост. Ова вино се одликува со ноти на орев, ароми на крцкава кора од леб и сочни овошки кои придонесуваат за изразито пријатен и благо горчлив завршеток.

Одлично се комбинира со морски деликатеси и разновидни сирења.

Препорачана температура на служење: 9 °C.