Вино

Цена:

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Вранец 0,75л

670 МКД
Монтеко Винарија Вранец 0,75л
670 МКД

Монтеко Вранец, вино кое доследно ја претставува длабочината и богатството на неговата сорта. Со интензивна сино-црвена боја, нагласена со виолетови нијанси, оваа берба плени на прв поглед.

Неговата арома е софистицирана мешавина од сушено овошје, проткаена со суптилни ноти на ванила и чад. На непцето, искусете го целосниот, хармоничен вкус обележан со препознатливо тело и меки, кадифени танини, со робустен, но избалансиран профил.

Овој вранец прекрасно се комбинира со низа кулинарски задоволства, од сочно печено јагнешко до нежен јунешки мускул во кајмак, или галички овчи кашкавал со мармалад од боровинки.

Берба: 2023

Препорачана температура на сервирање: 16-18˚C

Процент на алкохол: 15%

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Каберне Совињон 0,75л

670 МКД
Монтеко Винарија Каберне Совињон 0,75л
670 МКД

Неговото буке открива типично овошен и хербален мирис, збогатен со суптилни примеси на чад и ванила. На непцето, виното нуди целосен и хармоничен вкус, кој се карактеризира со совршена рамнотежа и меки танини со долг, овошен послевкус. Ова вино се одликува со длабока, рубин црвена боја со примамливи виолетови нијанси.

Идеален партнер за бифтек, рамстек или печени свински ребра со рузмарин и карамелизиран морков.

Берба: 2023

Препорачана температура на сервирање: 16-18˚C

Процент на алкохол: 15%

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Мерло 0,75л

650 МКД
Монтеко Винарија Мерло 0,75л
650 МКД

Полн и хармоничен вкус на ситнозрнесто овошје, со изразено тело и меки танини, надополнет со дискретна арома на чад и ванила. Препознатлив изглед по интензивната рубин црвена боја.

Одлично е во комбинација со свинско филе, јагнешко рагу или динстано месо, како и со пармезан и чедар сирења.

Берба: 2023

Препорачана температура на сервирање: 16-18ºC

Процент на алкохол: 15%

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Филип 0,75л

740 МКД
Монтеко Винарија Филип 0,75л
740 МКД

Раскошно куве од совршен сооднос на мерло, вранец и каберне совињон, во рубин црвена боја со виолетови поттонови. Инспирира со полн и комплексен вкус на овошје и зачини, со допир на ванила и чад, кој се чувствува уште долго по секоја голтка.

Виното одлично се комбинира со срнечки бут, печено говедско и тврди овчи сирења.

Берба: 2023

Препорачана температура на сервирање: 16-18ºC

Процент на алкохол: 15%


Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Неро 0,75л

740 МКД
Монтеко Винарија Неро 0,75л
740 МКД

Ароматично куве во рубин црвена боја со виолетови нијанси добиено од ист сооднос на мерло и каберне совињон. Комплексниот овошно-хербален мирис со примеси на чад и ванила го следи долг, овошен послевкус, заокружувајќи мека, елегантна завршница.

Комбинацијата со свинска коленица, ребра, јагнешки котлети или сино сирење овозможува врвно гастрономско уживање.

Берба: 2023

Препорачана температура на сервирање: 16-18ºC

Процент на алкохол: 15%


Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Шардоне 0,75л

650 МКД
Монтеко Винарија Шардоне 0,75л
650 МКД

Деликатната арома на егзотични овошки се меша со суптилни цитрусни ноти и подтонови на ванила и кора од леб.

Особено добро се комбинира со деликатеси од морска храна и селекција на различни видови сирења.

Берба: 2023

Препорачана температура на сервирање: 9°C

Процент на алкохол: 13%

Производот се продава на парче

Монтеко Винарија Темјаника 0,75л

670 МКД
Монтеко Винарија Темјаника 0,75л
670 МКД

Aроматична симфонија која потсетува на латици од ружа и цитрусно овошје, надополнети со одлично вкомпонирани зачински ноти на босилек и ајдучка трева.

Особено добро се комбинира со секакви рибни специјалитети.

Берба: 2023

Препорачана температура на сервирање: 8°C

Процент на алкохол: 12.5%